Здружение на енергетичарите на Македонија

ул. Даме Груев бр.14а

1000 Скопје, Македонија

Тел +389 2 2401 733

info@zemak.mk

Избор од последни-от број:

Галерија на слики од Mеѓународното советување ЕНЕРГЕТИКА 2016 - Охрид, Македонија >>>
Photo gallery from the Symposium "ENERGETICS 2016 - Ohrid, Macedonia >>>

Излезе новиот број 110 на е-весникот ЕНЕРГЕТИКА

Објавено 13 Декември 2017

Comment

ЗЕМАК е-весник бр.110







Превземете го последното издание на е-весникот на ЗЕМАК >>> . Comment

ЕВН ги приспособи броилата за дневната евтина тарифа

Објавено 13 Август 2017

Big Image

ЕВН Македонија заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила што се воведе од 1 октомври годинава. Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилаго- дено броило се покажуват Т2 индикатори, во периодот од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота, информираат од ЕВН Македонија.

Истакнуваат дека и покрај тоа што тимови на компанијата ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможило спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила. >>>Comment

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Објавено 13 Август 2017

Big Image

Новите предизвици и изградбата на институционални и човечки можности ја поставуваат глобализацијата како една од највисоко позиционираните цели на дваесет и првиот век што резултира со забрзано темпо на развој на совреме- ните општества и брзорастечките економии на земјите во развој. Импликација на тоа произлегува порастот на побарувачката и потрошувачката на електрична енергија. Тоа воедно e и показател за степенот на развиеност и станува се поголем фактор во современиот начин на функционирање на општествата. Обновливите извори на енергија се извори кои се добиваат од природата и најважна нивна карактеристика е тоа што можат да се обновуваат и не се штетни за животната средина. Најголемиот дел од електричната енергија што денес се користи, се добива од согорувањето на фосилните г орива и целокупниот модерен напредок е развиен врз основа на евтината фосилна енергија од јагленот, нафтата и природниот гас, а во помали количини енергијата на ураниумот и плутониумот кај нуклеарните електрани. >>> Comment

Архива на досегашните изданија на е-магазинот на ЗЕМАК >>>