Здружение на енергетичарите на Македонија

ул. Даме Груев бр.14а

1000 Скопје, Македонија

Тел +389 2 2401 733

info@zemak.mk

Избор од последни-от број:

ЗЕМАК веб портал - Ваш информатор за домашните, регионалните и светските случувања во енергосекторот.

“MIT” градат најмоќни супер- спроводливи магнети

Објавено 20 Август 2018

Big Image

Изворна чиста енергија кој има најголем потенцијал за човештвото сè уште е фузиската енергија, а истражувачите од MIT само што добиле финансиска помош од 30 милиони долари со цел тоа да го остварат. MIT во соработка со приватната компанија Commonwealth Fusion Systems се надеваат дека ќе изградат пилот централа која ќе функционира со фузиска енергија во наредните 15 години.

Нуклеарната фузија се разликува од нуклеарната фисија која ја користат денешните нуклеарни централи а која се базира на поделба на атомите, бидејќи фузијата генерира моќ преку спојување на водородните атоми во хелиум. Истиот нуклеарен процес се одвива во ѕвездите, вклучувајќи го и нашето Сонце. Топлината која фузијата ја создава изнесува стотици милиони степени и доколку може да се собира би можела и да се конвертира во огромни количини електрицитет >>>

Галерија на слики од Прославата по повод јубилејот - 20 години од основањето на ЗЕМАК >>>
Photo gallery from the celebration - 20 Years of ZEMAK >>>

ЗЕМАК “ГуГл” претстави нов квантен процесор
Квантните компјутери се нов чекор на- пред кон напредната технологија, а кон крајот на годинава тие ќе станат сосема вообичаени работи на полиците на продавниците и во нашите домови, а како главен виновник за тоа мо- жеби ќе биде запаметен “Гугл” кој го претстави исклучително моќниот процесор Bristlecone.

Квантните компјутери денс би можеле да решат речиси непресметливи сложени проблеми, влучувајќи комплексни симулации, како финан- сиски анализи од големи размери и ... >>>

ЗЕМАК Виртуелно игралиште за вежбање на вештачката интелигенција
VirtualHome (Виртуелен дом) е нов проект на лабораторијата за компјутерска наука и AI (веш- тачка интелигенција) на MIT, место каде AI-то може да вежба комплицирани задачи и домашни задолженија во симулиран виртуелен свет. Идејата е да со усовршување на одредени команди во симулацијата, еден ден да имаме ро- боти со AI системи кои лесно ќе можат да извршу- ваат задачи во реалниот свет. VirtualHome многу наликува на верзија на видео играта The Sims. AI-то е ... >>>

ЗЕМАК Македонија доби модел за да формира организиран пазар на електрична енергија
Република Македонија доби предлог модел за организиран пазар на електрична енергија кој оп- фаќа тргување по принципот набавка на електрична енергија еден ден пред испораката или популарно наречено „ тргување ден однапред“ односно берза на електрична енергија. Моделот на организиран пазар за електрична енергија го изработија и де- неска во Владата го презентираа консултантите од Словенија: Борзен (словенечкиот оператор на пазар) и БСП (словенечката берза за електрична енергија) кои имаат големо искуство во областа на организирано тргување со ... >>>

ЗЕМАК Масивни честички со силни интеракции (СИМП) – нов модел за темната материја
Интензивната светска потрага по темната материја досега не успеа да најде темни масивни ѕвезди или честички со слаби интеракции, но едни нови кандидати полека добиваат следбеници и поддршка од набљудувањата. Наречени СИМП (strongly interacting massive particles) – масивни честички со силни интеракции, овие честички за прв пат беа предложени од Хитоши Мурајама од Универзитетот на Калифорнија и директор на Кавли институтот за физика и математика на Универзитетот во Јапонија како и Јноит Хочберг од Еврејскиот ,... >>>

ЗЕМАК „Алката која недостигала“ во хемијата, може да го објасни настанокот на животот на Земјата како концепт
Прашањето за тоа како хемијата стана биологија е можеби највозбудливото научно пра- шање за човештвото. Иако ова прашање има многу одговори, ниту еден од нив не е сигурен. Научниците сеуште не се сигурни ниту како настанале молеку- лите на ДНК и РНК. Иако има неколку добри идеи засега непознат е дури и репертоарот на хемиски материи потребни за отпочнување на биолошките процеси. Новата студија во Хемија на Природата мо- жеби идентификуваше компонента која е одговорна за горенаведеното – хемикалија наречена диамидо- фосфат (DAP). За да се удри основата на биологијата потребни се три класи на хемиски материи : пептиди... >>>

ЗЕМАК Магнетизамот на црните дупки е изнена- дувачки слаб
Црните дупки се познати по своите мускули: интензивната гравитациска сила за која се знае дека вовлекува се околу себе и лансира низи од материја во вселената со приближна брзина до онаа на светлината. Но, изгледа дека реалноста не секогаш се поклопува со претпоставките. Научниците од Универзитетот во Флорида откриле дека овие структури имаат значително по- слаби магнетни полиња отколку што претходно се мислело. Црна дупка широка 64 километри, одалечена 8000 светлински години од нас наречена В404 Сигни придонесе за првите прецизни мерења на магнетното поле што ги опкружува најдлабоките текови на гравитација во универзумот. Авторите на студијата тврдат дека магнетна енергија околу црната дупка е 400 пати помала од поранешните груби пресметки. >>>