Здружение на енергетичарите на Македонија

ул. Даме Груев бр.14а

1000 Скопје, Македонија

Тел +389 2 2401 733

info@zemak.mk

Избор од последни-от број:

ЗЕМАК веб портал - Ваш информатор за домашните, регионалните и светските случувања во енергосекторот.

Историјат на ЗЕМАК

Big Image

ЗЕМАК (Здружение на Енергетичарите на Македонија) со своето постоење во последните осумнаесет години се етаблира во научните и стручните кругови во Република Македонија како стручно здружение на професионалци, со основна цел да ги следи, промовира и унапредува енергетските токови во државава. Имајќи предвид дека енергетиката како базична индустрија има основна улога во развојот и унапредувањето на останатиот дел од индустријата и воедно претставува основа за оддржлив развој на економијата на една држава, енергетиката всушност зазема исклучително место во структурата на една држава. Заради тоа, ЗЕМАК има историски значајна, одговорна и перманентна улога на двигател, промотор и иницијатор за решавање на сите значајни прашања кои директно или индиректно се поврзани со развојот на енергетиката во државава, а преку неа и вкупната економија во неа.Big Image

Имајќи го предвид горекажаното, а воедно и следеќи го континуитетот од минатото, ЗЕМАК и понатака има потреба од организирање на редовни национални и интернационални советувања на кои директно и непосредно во друштво на домашни и странски експерти од областа на енергетиката ќе се иницираат, дебатираат и решаваат сите актуелни прашања околу моменталните состојби во енергетиката во државава, ќе се анализираат модерните светски трендови и ќе се изнаоѓаат и предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. За таа цел предлагаме да се продолжи со веќе утврдената работна програма на ЗЕМАК и оваа 2010 година да се одржи шеснаесеттото по ред редовно меѓународно советување на ЗЕМАК. Со цел на ова советување да се соберат сите оние кои имаат нешто да кажат и покажат во делот на енергетиката во Македонија, соседните земји и пошироко, ова советување планираме да го направиме под наслов кој дава поголеми можности за презентации и дискусии од поширок спектар на интересни теми поврзани со енергетиката...

Прочитајте повеќе за историјатот и работата на ЗЕМАК...

За Нас >>>>

Read more about our organization ZEMAK...

About Us >>>>

Архива на досегашните изданија на е-магазинот на ЗЕМАК >>>