Здружение на енергетичарите на Македонија

ул. Даме Груев бр.14а

1000 Скопје, Македонија

Тел +389 2 2401 733

info@zemak.mk

Избор од последни-от број:

ЗЕМАК веб портал - Ваш информатор за домашните, регионалните и светските случувања во енергосекторот.

За нас

Big Image

ЗЕМАК (Здружение на Енергетичарите на Македонија) со своето постоење во последните осумнаесет години се етаблира во научните и стручните кругови во Република Македонија како стручно здружение на професионалци, со основна цел да ги следи, промовира и унапредува енергетските токови во државава. Имајќи предвид дека енергетиката како базична индустрија има основна улога во развојот и унапредувањето на останатиот дел од индустријата и воедно претставува основа за оддржлив развој на економијата на една држава, енергетиката всушност зазема исклучително место во структурата на една држава. Заради тоа, ЗЕМАК има историски значајна, одговорна и перманентна улога на двигател, промотор и иницијатор за решавање на сите значајни прашања кои директно или индиректно се поврзани со развојот на енергетиката во државава, а преку неа и вкупната економија во неа. Big Image
Имајќи го предвид горекажаното, а воедно и следеќи го континуитетот од минатото, ЗЕМАК и понатака има потреба од организирање на редовни национални и интернационални советувања на кои директно и непосредно во друштво на домашни и странски експерти од областа на енергетиката ќе се иницираат, дебатираат и решаваат сите актуелни прашања околу моменталните состојби во енергетиката во државава, ќе се анализираат модерните светски трендови и ќе се изнаоѓаат и предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. За таа цел предлагаме да се продолжи со веќе утврдената работна програма на ЗЕМАК и оваа 2010 година да се одржи шеснаесеттото по ред редовно меѓународно советување на ЗЕМАК. Со цел на ова советување да се соберат сите оние кои имаат нешто да кажат и покажат во делот на енергетиката во Македонија, соседните земји и пошироко, ова советување планираме да го направиме под наслов кој дава поголеми можности за презентации и дискусии од поширок спектар на интересни теми поврзани со енергетиката.
Како наслов на ова Советување предлагаме да биде “ЕНЕРГЕТИКА 2010”, со тенденција овој наслов да остане траен со вклучување на соодветни современи области и теми кои во моментот на одр-жување на Советувањето би биле од исклучително значење, како за енергетиката во Македонија, така и пошироко за современите тенденции во развојот на енергетиката во светски размери. Во иднина, единствено би се менувала годината на одржувањето на Советувањето како препознатлив показател, кога и во какви услови се одржувало соодветното советување.
Одржувањето на вакво тематски широко советување, според наше мислење воопшто не ги огра-ничува областите на интерес на ЗЕМАК или пак ја истапува оштрицата на неговото делување. Напротив, основната цел е на овие советувања е, да се создаде и промовира широк фронт на интерес и ангажман на поголем број стучни и професионални лица кои секојдневно работат на енергетските проблеми во државава и на тој начин непосредно да се промовира енергетиката и луѓето кои во оваа држава се задолжени за нејзиниот развој и нејзината соодветна примена во индустријата и економ-ското живеење во нашата држава. Паралелно со традиционалното одржување на ова Советување, ЗЕМАК не се откажува, туку напротив уште повеќе сака да даде свој целосен допринос и со нови луѓе и поширок фронт на активности во соодветното решавање на сите горливи проблеми во енергетиката во Република Македонија. Воспоставената традиција на строго дефинирани и крајно специфични работни средби во трање од еден до два дена, каде исклучиво би се работело на една навистина најактуелна тема од енергетиката во Македонија нема да биде прекината туку напротив засилена. Конечно, ситуацијата со енергетиката во Македонија како и проблемите со кои таа, а со тоа и целокупната економија во државава речиси секојдневно се судира, истото го бара од нас како членови на ЗЕМАК и како стручњаци кои постојано сме вклучени во енергетиката и во решавањето на нејзините проблеми.


Read more about our organization ZEMAK...

About Us >>>>