Благој Гајдарџиски – Дипл. ел. инж.Претседател на Здружение на енергетичари на Македонија -ЗЕМАК Датум на раѓање:05.04.1965г.Место на раѓање: Штип
Членство во ЗЕМАК: Oд: 2000 г.
Институција: АД ЕСМ – Скопје |
![]() |
БИОГРАФИЈА
Благој Гајдарџиски е роден на 05.04.1965 год. во Штип. Благој Гајдарџиски во моментов е член на Управен одбор и Директор за развој и инвестиции на АД ЕЛЕКТРАНИ на Северна Македонија. АД ЕСМ е најголемиот производител на електрична енергија во земјата, кој во своето портфолио има производство од хидро, термо и обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност поголема од 1,3 GW што покрива 80% од вкупните потреби за потрошувачка во Република Северна Македонија. Тој е исто така претседател на Студискиот комитет на Институтот за стандардизација. Има 30-годишно искуство во енергетскиот сектор на различни водечки позиции во С. Македонија. |