Драган Мијалковски – Потпретседател на Здружение на Енергетичари на Македонија – ЗЕМАК

Драган Мијалковски – М-р. по технички науки од областа на машинството

Потпретседател на Здружение на Енергетичари на Македонија – ЗЕМАК

 

Датум на раѓање:

14.09.1974

Mесто на раѓање:

Скопје

Членство во ЗЕМАК од:

2013-та година

Институција:

Макстил АД – Скопје

 

БИОГРАФИЈА

Средно образование завршил во средното машинско училиште ЕМУЦ “Никола Тесла” во градот Скопје. Во 1999-тата година дипломира на Машинскиот Факултет Скопје при Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј”– Скопје, на насоката Производно машинство и на истиот факултет во 2019-тата година го завршува вториот циклус на студии при што се стекнува со академски назив Магистер по технички науки од областа на машинството.

Во 2002-та година се вработува во Макстил АД – Скопје и работи на позицијата одговорен инженер за техничка проблематика. Во периодот од јули 2006-та година, па се до крајот на 2016-та година ги извршува работните обврски на позицијата Директор за одржување во погон Челичарница. Од јануари 2017-та година е унапреден на позицијата Директор на погон Челичарница во склоп на Макстил АД – Скопје, на која позиција се наоѓа и моментално.

Активно учестувал и водел неколку значајни инвестициски проекти, кои се реализирани во погонот Челичарница, а кои биле круцијални за напредокот на погонот и компанијата. Посетувал различни советувања, работилници, семинари, обуки за усовршување во делот на струката и работните позиции за кои поседува сертификати.

Активен член е во Здружнието на Енергетичари во Македонија – ЗЕМАК, а од 2013-тата година до 2015-тата година и од 2017-тата година до 2020-тата година бил негов Претседател, а моментално се наоѓа на позиција како негов  Потпретседател.

Член е на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, при што ги поседува А овластувањата за ревизија на проекти, надзор и изведба на градба од областа на машинството. Исто така тој е автор и ко-автор на неколку стручни трудови од областа на машинството и енергетиката, публикувани во зборници од конференции и списанија.