Политика на приватност

Адресата на нашата веб страна е: https://zemak.mk

Заради целосна функционалност, веб страницата на ЗЕМАК користи „колачиња“ (cookies)!

Со натамошно користење на веб страницата се согласувате со Условите за користење.

Со регистрацијата на веб порталот на ЗЕМАК го потврдувате следново:

– информациите што ги доставувате до ЗЕМАК се вистинити и
– e-mail адресата што ќе ја користите за регистрација е Ваша, или на поинаков начин сте стекнале право за нејзино користење
– корисничкото име со кое сте најавени за електронско плаќање е ваше или на поинаков начин сте стекнале право да го користите и

ЗЕМАК не превзема никаква одговорност во случај на злоупотреба на корисничкото име .

ЗЕМАК се обврзува Вашите податоци да ги третира како тајни:

податоците што сте ги користеле за регистрација на веб порталот, или на поинаков начин сте ги ставиле на располагање на ЗЕМАК, нема да бидат дистрибуирани на трети лица; ЗЕМАК ги користи податоците само за потребите на веб порталот и комуникација со Вас,

Aко сте член на ЗЕМАК, само Вашето име и презиме ќе бидат достапни на останатите членови на здружението, во рамките на јавниот дел од Регистарот на членови на Здружението на енергетичари на Македонија,

ЗЕМАК може да ве контактира преку електронска пошта, но Вие во било кое време можете, преку страницата за промена на Вашите податоци, да се изјасните да не добивате информации и пораки што не се поврзани со труд за Советување пријавен од Ваша страна или не се поврзани со членството во ЗЕМАК, ако сте член на Здружението.