Прва покана 2024

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГЕТИКА 2024“

Почитувани,

Имаме чест да Ве поканиме да присуствувате и активно учествувате на Меѓународната конференција ЕНЕРГЕТИКА 2024 која ќе се одржи во Струга од 02-04-10.2024, на прекрасниот брег на Охридското езеро во хотелот Дрим.

Темите на меѓународната конференција ќе се фокусираат на енергетските стратегии и системи, обновливи извори, управување со енергетски системи и енергенси, животна средина, тековни проекти во енергетиката и безбедност при работа.

Се надеваме дека ќе земете активно учество и ќе придонесете за успешноста на настанот.

Подетални информации ќе може да најдете на линкот за првиот повик за МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГЕТИКА 2024“.

Со почит,

Претседателство на ЗЕМАК

Линк за превземање на Прва покана за Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“ >>>