Меѓународна конференција Енергетика 2022

Почитувани колеги и колешки,

Оваа година е посебна за здружението ЗЕМАК, бидејќи истовремено слави значаен јубилеј – 30 (триесет) години постоење и организира меѓународна конференција.

Ве покануваме да бидете дел од настанот заеднички да го прославиме јубилејот и активно да учеествувате на меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2022“  која ќе се одржи во Струга од 21-23.09.2022, на прекрасниот брег на Охридското езеро во хотелот Дрим.

Темите на меѓународната конференција ќе се фокусираат на енергетските стратегии и системи, обновливи извори, управување со енергетски системи и енергенси, животна средина, тековни проекти во енергетиката и безбедност при работа.

Ќе ни биде особена чест и задоволство доколку земете активно учество на конференцијата преку доставување на трудови и членување во работните тела на конференцијата.

Со почит,

Претседателство на ЗЕМАК

 

М-р Драган Мијалковски, дипл маш. инж. 

Претседател на ЗЕМАК   

Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Претседател на Програмски одбор