ВТОР ПОВИК – Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“

Почитувани,

Здружението на енергетичарите на Македонија Ви ја испраќа втората покана за Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“ во која се содржани плански детали предвидени за реализација во временските рамки на овој настан, кој ќе се одржи во хотел Дрим сместен на самиот брег од Охридското Езеро и реката Црни Дрим во центарот на градот Струга во период 02-04.10.2024.

Пo доставување на оваа покана за учество на  Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, Ве охрабруваме истата да ја препратите на Ваши колеги и/или Ваши пријатели во нашата држава или надвор од нејзините граници. Ве повикуваме да заземете учество со Ваш лично изработен реферат или едноставно почестете нè со Вашето присуство и споделете Ваши мислења, ставови и искуства од областа на енергетиката.

Ве известуваме дека во блиска иднина претходи уште едно завршно соопштение  со сите потребни информации повразни со организацијата на Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, кои исто така ќе Ви бидат достапни и на нашата web страна www.zemak.mk. Во прилог Ви е доставен линк до PDF документ со подетални информации за вториот повик за Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“:  ВТОР ПОВИК – Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“.

Ви благодариме на интересот да бидете дел од овој настан и со нетрпение Ве очекуваме да ни се придружите во Струга.

Со почит,

Претседателство на Здружение на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК