Виртуелна конференција „Енергетика 2020“

Почитувани колеги и колешки,

Имаме чест да Ве поканиме да присуствувате и активно учествувате на Меѓународната конференција ЕНЕРГЕТИКА 2020 која ќе се одржи како Webinar конференција.

Здравствената криза предизвикана од COVID 19, нас како претседателство на ЗЕМАК, не наведе, со цел да го заштитиме здравјето на сите учесници на конференцијата, да донесеме одлука нејзиното одржување да биде Webinar.  Се надеваме дека оваа криза ќе се заврши многу брзо и дека сите заедно повторно ќе може да се вратиме на нормално извршување на обврските и ќе можеме со физичко присуство да учествуваме на конференции.

Веруваме дека ќе остане ист интензитетот на ентузијазам и желбата на споделувања на искуствата и знаењата и сите ќе имаме одлична можност да ги слушнеме и да се запознаеме со новите достигнувања од областа на енергетиката.

Се надеваме дека ќе земете активно учество и ќе дадете свој допринос на овој настан.

Со почит,

Претседателство на ЗЕМАК