За Нас

ЗДРУЖЕНИЕ  НА  ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ  –  ЗЕМАК

 ЗЕМАК е македонско здружение на енергетичарите формирано во 1992 год., кое својата организациона поставеност, програмска определба и делување го има регулирано во рамките на својот СТАТУТ.

Низ целиот период на своето постоење, активностите на ЗЕМАК се темелат пред сѐ на концептот преку јавен настап, научни трибини, сесии, советувања, симпозиуми и меѓународни конференции непосредно се помага и учествува во согледувањето, анализата и креирањето на енергетската сфера на Република С.Македонија.

Членството на ЗЕМАК е неговата моќ. Сите членови на ЗЕМАК воедно се дел од најзначајните образовни, научни и државни институции и исто така дел од повеќето енергетски компании кои се главните елементи на енергетиката во нашата заедница.

Земајки го во предвид фактот дека енергетиката на секоја држава, па и на нашата,  претставува базична стопанска дејност и како таква со себе ја носи главната улога во развојот и унапредувањето на севкупните токови во стопанството, како услов за нормален живот на граѓаните и успешно и профитабилно функционирање на стопанството на државата. Електро-енергетскиот систем, енергетскиот систем за топлина, енергетскиот систем за гас и енергетскиот систем за течни горива, ја сочинуваат енергетиката на нашата земја. Иако секој од нив има сопствени законитости, сите тие заедно дејствуваат во корелација и нивното успешно функционирање е примарно за економскиот развој на земјата.

Поради тоа, ЗЕМАК секогаш ја носел и ќе ја носи одговорноста на перманентен задвижувач, промотор и иницијатор во решавањето на значајните енергетски прашања и предизвици, кои директно или индиректно се поврзани со развојот на економијата во нашата држава.

ЗЕМАК своите активности ги подредил кон најактуелните проблеми на енергетскиот сектор, во чија реализација голема подршка има од сите релевантни компании и образовни институции во Републиката и кои преку назначување на свои членови, активно учестуваат во водењето на ЗЕМАК:

АД.ЕСМ – Електрани на С.Македонија, МАКСТИЛ АД – Скопје, ЕВН, ОКТА Рафинерија на нафта – АД Скопје, МЕПСО АД, ФЕИТ – Скопје, МФС – Скопје, Технолошко – Металуршки Факлултет- Скопје. Огромна благодарност до сите нив.

Меѓутоа, бројни се и институциите кои во рамките на своите можности секогаш давале подршка кон сите досегашни активности на ЗЕМАК: Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, МАНУ, Стопанска комора, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола, “Универзитет Гоце Делчев“ Штип.

Исто така, не е мал ни бројот на компании, од кои посебно би ги издвоиле: Монтинг – Енергетика Скопје, Раде Кончар – сервис и поправки, Рударски Институт – енергетика Скопје, Технолаб доо Скопје, ТД Огноотпорно Скопје, ГЕИНГ Скопје, Тимел  Проект – Скопје, Макпетрол, Топлификација, ГАМА и бројни други, кои редовно преку разни форми изнаоѓале простор да го дадат својот допринос кон реализацијата на бројните активности на ЗЕМАК.

ЗЕМАК преку трендот на експоненцијален развој со право го носи епитетот на мултидисциплинарно Здружение, што резултира од комплексниот карактер на сите сфери опфатени под енергетика.

Во рамките на здружението ЗЕМАК континуирано излегува часописот Енергетика, пет пати годишно и претставува извонреден медиум за добивање информации и запознавање со редица новитети од областа на Енергетиката.

М-р Драган Мијалковски, дипл. маш. инж.

Претседател на ЗЕМАК

www.zemak.mk

e-mail: info@zemak.mk