ЦЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТA
Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија и одржлив развој. Ги покануваме сите релевантни енергетски компании, претставници од индус¬тријата, истражувачките центри, универзи¬тетите и останати субјекти, како и експерти од земјата и странство да ги презентираат своите професионални постигнувања и истражување, своите искуства и да споделат поважни информации од областа на енергетиката. Конференцијата претставува форум за споделување и размена на искуства и планови на регионално и глобално ниво.
Тематските области на конференцијата се однесуваат на предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, особено компаниите, инвеститорите и корисниците.
Со планираните пленарни сесии, дискусии и реферати ќе се овозможи реална платформа за идентификација на соодветните механизми и активности со цел надминување на проблемите во земјата и регионот, како и зајакнување на меѓусебната соработката.
ТЕМАТСКИ ОБЛАСТИ
• ЕНЕРГЕТСКИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ
• ПРЕНОСНИ И ДИСТРИБУТИВНИ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ
• ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
• IT СИТЕМИ И АПЛИКАЦИИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПОСТРОЈКИ
• УРЕДИ И СИСТЕМИ ЗА СКЛАДИРЊЕ НА ЕНЕРГИЈА
• ОДРЖЛИВ ЕНЕРГЕТСКИ РАЗВОЈ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ПАМЕТНИ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ
• ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА И ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА
• ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И МАШИНСКО УЧЕЊЕ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
• ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ И ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
• ПАЗАРИ НА ЕНЕРГЕТСКИ СУРОВИНИ И ПРОИЗВОДИ
• БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК
• ЕНЕРГЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТЕСТВО ЗАСНОВАНО НА ЗНАЕЊЕ
ПОВАЖНИ ДАТУМИ
Пријава за учество на меѓународната конференција ЕНЕРГЕТИКА 2026 на следниот линк
06.09.2026 Доставување на проширени апстракти или комплетни трудови – во слободна форма преку следниот линк
10.09.2026 Известување на авторите за прифаќање на апстрактите/трудовите
01.09.2026 Програма на конференцијата
24.09.2026 Отворање на конференцијата
СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСТВO
На конференцијата ќе се одвиваат паралелно презентациски и постер сесии. Трудовите ќе бидат рецензирани од страна на Меѓународниот програмски одбор и категоризирани во три категории: Информација, Стручен труд и Научен труд. За секој рецензиран и успешно презентиран труд (без оглед на категоријата) ќе се издаде сертификат за успешно учество на конференцијата. Посебно се охрабруваат да земат активно учество студентите на сите три циклуси студии (додипломски, пост-дипломски и докторски студии), млади професионалци и истражувачи.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР
Претседател
Борко Алексоски (Претседател на ЗЕМАК)
Членови
Драган Мијалковски (Потпретседател на ЗЕМАК)
Игор Шешо (Претседателство на ЗЕМАК)
Илија Хаџидаовски (Претседателство на ЗЕМАК)
Беќаровска Елеонора (ОКТА)
Иван Куковски (ЕСМ)
Славјанка Георгиеска (ЕВН)
Елеонора Јовановска (МАКСТИЛ)
МЕЃУНАРОДЕН ПРОГРАМСКИ ОДБОР
Проф. Невенка Китева Роглева (Северна Македонија)
Проф. Вангел Фуштиќ (Северна Македонија)
Проф. Харалд Вебер (Германија)
Проф. Наташа Норд (Норвешка)
Проф. Славе Арменски (Северна Македонија)
Проф. Сашко Ристов (Австрија)
Проф. Петар Гверо (Босна и Херцеговина)
Проф. Томо Церовшек (Словенија)
Проф. Томаш Фунтик (Словачка)
Проф. Христина Спасевска (Северна Македонија)
Проф. Зоран Панов (Северна Македонија)
Проф. Антон Чаушевски (Северна Македонија)
Проф. Магдалена Крстаноски (САД)
Проф. Петер Јанига (Словачка)
Проф. Мирослава Смиткова (Словачка)
Проф. Софија Николова Поцева (Северна Македонија)
Проф. Марјан Попов (Холандија)
Проф. Имер Зенку (Северна Македонија)
Проф. Никола Попов (Канада)
Проф. Ристо Филкоски (Северна Македонија)
Проф. Марко Чепин (Словенија)
Проф. Атанас Илиев (Северна Македонија)
Проф. Димитар Димитров (Северна Македонија)
Проф. Зоран Марков (Северна Македонија)
Проф. Драган Миновски (Северна Македонија)
КОТИЗАЦИЈA
Износ на котизацијата – 5.000 ден.
Студентите од сите три циклуси студии кои ќе учествуваат на конференцијата со трудови ќе бидат ослободени од плаќање котизација.
Во котизацијата е вклучено: право на присуство на седници, Програма, Зборник на трудови, свечена вечера и беџ за учесникот.
Информации за плаќање на котизација
ЖИРО СМЕТКА:
Денарска: 2.000 000 126 44 621 – Стопанска Банка Скопје
Уплатата може да се изврши и на лице место во хотелот во деновите на конференцијата.
Девизна: STOB MK-2X IBAN: MК07200001006979981
КОНТАКТ
e-mail: info@zemak.com
