Инструкции за пријавување на виртуелна конференција „Енергетика 2020“

Сите учесници на отварањето на конференцијата ќе бидат поканети преку линк кој ќе им биде пратен на доставените email адреси од каде со еден клик ќе може да се најават на сесијата.

Сите презентери на трудови, учесници на конференцијата и останати лица кои ќе појават  интерес за да ја следат сесијата на презентациите на трудови ќе може да се поврзат преку линковите кои ќе бидат објавени на почетна на WEB страната на здружението https://zemak.mk/.

Инструкциите за користење на платформата Webex како панелист може да ги најдете ТУКА.
Инструкциите за користење на платформата Webex како посетител може да ги најдете ТУКА.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на:

Контакт маил: info@zemak.com

Kонтакт лице:  Катерина Димовски

СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСТВО

За секој рецензиран и презентиран труд (без оглед на категоријата) ќе се издаде сертификат за учество на конференцијата. Сертификатите ќе бидат доставени по пошта  до секој од учесниците.

Учесниците на конференцијата со трудови потребно е да достават контакт адреса и телефонски број на маил адресата info@zemak.com