About Us

Историјат на ЗЕМАК (Здружение на енергетичарите на Македонија)

ЗЕМАК (Здружение на Енергетичарите на Македонија) со своето постоење во последните осумнаесет години се етаблира во научните и стручните кругови во Република Македонија како стручно здружение на професионалци, со основна цел да ги следи, промовира и унапредува енергетските токови во државава. Big ImageИмајќи предвид дека енергетиката како базична индустрија има основна улога во развојот и унапредувањето на останатиот дел од индустријата и воедно претставува основа за оддржлив развој на економијата на една држава, енергетиката всушност зазема исклучително место во структурата на една држава.Заради тоа, ЗЕМАК има историски значајна, одговорна и перманентна улога на двигател, промотор и иницијатор за решавање на сите значајни прашања кои директно или индиректно се поврзани со развојот на енергетиката во државава, а преку неа и вкупната економија во неа.

Имајќи го предвид горекажаното, а воедно и следеќи го континуитетот од минатото, ЗЕМАК и понатака има потреба од организирање на редовни национални и интернационални советувања на кои директно и непосредно во друштво на домашни и странски експерти од областа на енергетиката ќе се иницираат, дебатираат и решаваат сите актуелни прашања околу моменталните состојби во енергетиката во државава, Big Imageќе се анализираат модерните светски трендови и ќе се изнаоѓаат и предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. За таа цел предлагаме да се продолжи со веќе утврдената работна програма на ЗЕМАК и оваа 2010 година да се одржи шеснаесеттото по ред редовно меѓународно советување на ЗЕМАК.

Со цел на ова советување да се соберат сите оние кои имаат нешто да кажат и покажат во делот на енергетиката во Македонија, соседните земји и пошироко, ова советување планираме да го направиме под наслов кој дава поголеми можности за презентации и дискусии од поширок спектар на интересни теми поврзани со енергетиката…

Мисија, Историјат, Достигнувања

Мисија на ЗЕМАК е да ги следи случувањата во енергетскиот сектор, да дава сугестии и влијае на владините институции и приватниот сектор за да донесуваат одлуки за поефикасна употреба на енергијата.

Историјат на ЗЕМАК. ЗЕМАК е основан 1992 година од група ентузијасти инженери, од областа на индустријата. Набргу ова здружение почна да расте и да го проширува своето членство со претставници од академијата на науките и уметностите на Р.Македонија, универзитетите, приватниот сектор, владата и студенти млади инженери. Активностите на ЗЕМАК секогаш беа насочени кон барање на начини за изразување на мислењата на членството, па идејата се прошири со издавањето на списанието Енергетика.

Достигнувања на ЗЕМАК. Нашите активности во собирање на инженерите и споделување на информации од областа на енергетиката, им помогна на многу од нив во обука за пронаоѓање на практични решенија за многу проблеми. Овие активности кулминираа со организирањето на округлите маси, со што дадовме придонес во изнаоѓање на решенија во снабдувањето со електрична енергија до 2025 година