Борко Алексоски – Претседател на Здружение на Енергетичари на Македонија – ЗЕМАК

Борко Алексоски – Дипл. Инженер по Електротехника

Претседател на Здружение на Енергетичари на Македонија – ЗЕМАК

 

Датум на раѓање:

09.07.1964

Место на раѓање:

Скопје

Членство во ЗЕМАК од:

2017 – та година

Институција:

АД МЕПСО

БИОГРАФИЈА

Борко Алексоски по завршување на средно образование во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во градот Скопје, својот академски пат одлучил да го насочи кон електро инженерството со тоа што се запишува и успешно ги завршува четиригодишните студии на Електротехничкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.

Неговите први почетоци со работа во електро инженерското поле се бележат во 1990-тата година кога станува дел од тимот на вработени во Електростопанство на Македонија, кое подоцна со реструктуирањето на енергетскиот сектор е именувано како АД МЕПСО поставен на работната позиција како Оперативен водител на ЕЕС, каде до крајот на 1998-та година одговорно ги извршува своите оперативни работни обврски.

Од 1998-та година до 2010-тата година го зазема работното место како Раководител на службата за оперативно планирање, а од 2010-тата година продолжува на работната позиција како Раководител на Оддел за управување и на истата останува до 2012-тата година.

Неговото активно учество е забележано во неколку значајни организации и здруженија како:

–        Здружение на Енергетичари во С.Македонија – ЗЕМАК најпрво како негов член и моментално како Претседател на здружението

–        International Council of Large Electric Systems in Paris – CIGRE како негов член

–        European Network of Transmission System Operators – ENTSO E во кое прво се стекнува со улогата како Заменик на Генералното собрание

–        System Operation Committee – SOC како негов член

–        Regional Group Continental Europe – RGCE како негов член

–        Coordinated Auction Office in South East Europe – SEE CAO со назначена функција како Претседател на бордот на директори

–        Електроенергетски Координативен Центар во Белград – ЕКЦ како член на Собранието на ЕКЦ