Dragan Mijalkovski

М-р Драган Мијалковски – Дипл.маш.инж.

Датум на раѓање:

14.09.1974г

Mесто на раѓање:

Скопје

Членство во ЗЕМАК:

Од 2013г

Институција:

Макстил АД – Скопје

 
БИОГРАФИЈА

Драган Мијалковски е роден на 14.09.1974г во Скопје.

Средно образование завршил во средното машинско училиште ЕМУЦ “  Никола Тесла” – Скопје.

Во 1999г дипломира на Машинскиот Факултет Скопје при Универзитетот ” Св.Кирил и Методиј” Скопје, на насоката производно машинство.

На истиот факултет во 2019г ги завршува II-иот циклус на студии и се стекнува со академски назив Магистер по технички науки од областа на Машинството

Во 2002г се вработува во Макстил и работи на позицијата одговорен инженер за техничка проблематика. Во периодот од Јули 2006г, па се до крајот на 2016г ги извршува работните обврски на позицијата Директор за одржување во погон Челичарница. Од Јануари 2017г е унапреден на позицијата директор на погон Челичарница во склоп на Макстил АД Скопје, на која позиција се наоѓа и моментално.

Активно учестувал и водел неколку значајни инвестициски проекти, кои се реализираа во погонот Челичарница , а кои биле круцијални за напредокот на погонот и компанијата.

Посетувал различни советувања, работилници, семинари, обуки за усовршување во делот на струката и позициите на работните места за кои поседува сертификати.

Активен член е во здружението ЗЕМАК , а од 2013 до 2015 и од 2017 до ден денешен е и негов претседател.

Член е на комората на овластни архитекти и инженери, при што ги поседува А овластувањата за ревизија на проекти, надзор и изведба на градба од областа на машинството.

Автор и ко-автор е на неколку стручни трудови од областа на машинството и енергетиката, публикувани во зборници од конференции и списанија.