Почитувани,
Здружението на енергетичарите на С.Македонија Ве поканува на размена на мислења, ставови и искуства во севкупната сфера на енергетиката на Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2020“ од 01-03.10.2020, во Струга, на прекрасниот брег на Охридското езеро во хотелот Дрим.
Придржувајќи се према важните датуми, Ви ја испраќаме првата покана направена во pdf формат, со деталите предвидени за време на оддржувањето на овој голем настан.
ЗЕМАК, ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ НА С.МАКЕДОНИЈА, за изминатите дваесет и шест години од формирањето, оддржа голем број на еднодневни-дводневни советувања, седумнаесет Меѓународни Советувања, со претставници од Европа, Азија, Америка, Јапонија, и Балканските земји и беа публикувани 18 зборници со преку 1900 трудови.
На секои две години се оддржува Меѓународна конференција и со доставувањето на поканата истата може да ја препратите на ваши пријатели и колеги во земјата и странство, а Вас ве повикуваме со реферат да земете учество. Понатаму ќе следат уште две соопштенија – покани со сите потребни информации , кој ќе може да ги најдете и на нашата web страна.
Се гледаме во Струга,
Срдечни поздрави,
М-р Драган Мијалковски,
дипл маш. инж.
Претседател на ЗЕМАК
Директор на Челичана – МАКСТИЛ
моб: ++389 70 276 437
е-mail: dragan.mijalkovski@makstil.com.mk
Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Претседател на Програмски одбор
Професор на Фак. за електротехника и информациски технологии
Институт за електрични централи и разводни постројки;УКИМ
моб: ++389 70 337 907;
e-mail: vfustic@feit.ukim.edu.mk