Збор-два за Меѓународната коференција ЕНЕРГЕТИКА 2022

30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА
ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – ЗЕМАК

Од  21-23 Септември во Струга во организација на ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА – ЗЕМАК се одржа 19-та Меѓународна Конференција ЕНЕРГЕТИКА  2022 во организација на здружението ЗЕМАК, а воедно беа и одбележани 30 години од основањето на здружението.  Овој настан на едно место ги собра сите релевантни претставници од енергетскиот сектор во нашата држава, почнувајки од најзначајните научни, образовни и државни институции како и најзначајните енергетски компании како главни учесници во енергетиката на нашата заедница, па се до многу правни и физички лица.

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија:

  • Претседателот на здружението, Дипл. ел. инж. Благој Гајдарџиски,
  • Генерален директор на ЕСМ АД м-р Васко Ковачевски
  • м-р Божин Стојчевски, почесен член на претседателството на Здружението на енергетичарите на Македонија (Историјат на Здружението на енергетичарите на Македонија – ЗЕМАК од формирањето до денес (1992 – 2022) и
  • Дипл.ел. инж. Илија Хаџидаовски, Претседател на Извршен одбор(Активности на ЗЕМАК, – Одржани домашни и меѓународни советувања, работилници, списание Енергетика (отпечатени 132 броја од 1992 до денес).
  • Модератот на  м-р Драган Мијалковски

По свеченото отварање се одржа:

  • Панел дискусија: Состојби во енергетиката, погледи, видувања,перспективи

Модератор:

д-р Ристо Јаневски – директор на Стратешко планирање и развој во ОКТA

Панелисти:

Драган Мијалковски – директор на погон Челичарница – Макстил АД Скопје

Борко Алексоски – директорот на ОЕПС – Мепсо

Благојче Трповски – директор на производство АД ЕСМ

  • Доделување признанија на ЗЕМАК по повод 30-годишнината од основањето на Здружението на енергетичарите на Македонија

Програмскиот дел од конференцијата започна со обраќање на претседателот на програмскиот одбор проф. д-р Вангел Фуштиќ и презентација на компанијата EUROPOWER SOLAR,

а продолжи со работните сесии:

  1. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Претседавач: Проф. д-р Антон Чаушевски – Презентирани 3 реферата,
  2. ЕНЕРГЕТСКИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ, Претседавач: Проф. д-р Вангел Фуштиќ, Презентирани 8 реферата,
  3. ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, Претседавач: Проф. д-р Димитар Димитров Презентирани 7 реферата,
  4. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК, Претседавач: Проф. д-р Игор Шешо, Презентирани 4 реферата,
  5. ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ И ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА, Претседавач: Проф. д-р Магдалена Крстаноски, Презентирани 5 реферата,
  6. “ON-LINE” СЕСИЈА, Претседавач: Проф. д-р Атанас Илиев, Презентирани 7 реферата

Во текот на конференцијата се одржа и постер сесија со 5 труда од областа на обновливи извори на енергија.


Зборникот на трудови може да го превземете на следниот линк

Видео снимката од 19-та Меѓународната конференција може да ја погледнете на следниов линк

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на следниов линк